дезинфицира (св. и несв.)
Секако ми го дезинфицираа удреното место - ме печеше и мирисаше на алкохол; потоа ми ја сечеа косата на тоа место и пак дезинфицираа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Никогаш не сум можел да живеам во колектив (тоа ја објаснува и потребата овде да не кажам речиси ништо и за моето семејство); дури имам отпор и кон јавните нужници, автобусите и возовите; ми се гади од помислата дека седам на столче или WC шолја на која седеле илјадници пред мене, макар таа да биде и целосно дезинфицирана и стерилизирана.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нѐ пикнаа во бањите, нѐ избањаа, нѐ дезинфицираа, нѐ облекоа во тренерки и нѐ построија.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)